Мек Грегор ќе настапи во серијалот „Игра на троновите“

mek-gregor-profil-so-zname

Конор Мек Грегор ќе се појави во една од двете финални сезони на култната серија „Игра на тронови“. Засега не е познато кој лик ќе биде наменет за него

game_of_thrones

„Игра на тронови“ ќе биде збогатена со познато лице. ММА борецот Конор Мек Грегор, актуелниот шампион во лесна категорија ќе биде дел од култната серија. Мек Грегор ќе се појави во една од последните две сезони на мега популарното тв шоу, но засега не е познато кој лик ќе биде наменет за него.

„Белфаст Лајв“ прв ја објави веста повикувајќи се на изјава на неименуван извор.

„Мекгрегор доби понуда да настапи во Игра на тронови. Еден од режисерите на серијата е голем УФЦ фан и ХБО го следеше Мекгрегор“, објави Белфаст Лајв.

Ова нема да биде прв „контакт“ на Мек Грегор со Игра на тронови. Видеото на кое тој спарингува со Хафтор Бјорнсон односно „Планината“ досега е прегледано над 22 милиони пати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО