Изрешетан еден од најталентираните американски боксери во Чикаго (ВИДЕО)

ed-braun

Животот на еден од најтелентираните боксери, Едо Браун, брутално е згаснат во Чикаго, откако беше погоден во главата во недела претпладне. Информацијата за неговата смрт ја потврди неговиот долгогодишен тренер.

Браун и 19-годишна девојка се ранети додека биле паркирани во кола, кога им се доближил еден металик автомобил и ги застрелал и двајцата. Повеќе куршуми го погодиле Бруно, а еден од нив го погодил во глава, а како резултат на повредите, подоцна во болницата починал, додека девојката е во животна опасност. Крварењето во мозокот на боксерот не можело да се запре поради сериозноста на повредата.

Убиениот боксер се смета за еден од најталентираните во Америка. Неговиот прекар бил „Bad boy“, тој натпис го носел и на шорцевите, како и на главата со што фризурата му била така направена. Бил кандидат за Олимписките игри 2012 година, а го сметаа за еден од најдобрите боксери во Чикаго.

Имал 20 борби во кариерата и во сите излегол како победник, од кои 16 ги добил со нокаут. Се уште е непознат мотивот за нападот и се уште никој не е уапсен, известува ABC Чикаго.

Погледенете ја една од победите на Бруно против Роберто Азевед.

https://youtu.be/RWRSft-WhEw

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО