Подготовките на Рико Верховен за Бадр Хари ( ВИДЕО)

riko-verhoven-crno-belo

Шампионот  на Глори во тешка категорија, Рико Верховен, на 10 декември во Оберхаузен се бори со Бадр Хари.

Во овој меч појасот на шампионите нема да биде влог и средбата ќе се одржи во три рунди по три минути.

Холанѓанецот по објавувањето на борбата со Мароканецот тренираше и во Тајланд, а финалните подготовки ги направи во Супер про салата во холандскиот Зевенберген под водство на тренерот Денис Краувел.

Во подготовките меѓу другите му помогнаа и Бенјамин Адегбај и УФЦ борецот Џерад Мусаси.

https://youtu.be/0Bk90zHAMzo

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО