Мек Грегор: Јас може да се борам од повеќе градови, Мејведер само од еден

Конор Мек Грегор верува дека ќе го фати Флојд Мејведер неподготвен, кога ќе се борат следниот месец.

УФЦ шампион на 26 август ќе го има професионалното деби. Во мечот во 12 рунди се среќава со еден од најдобрите боксери на сите времиња и поранешен светски шампион во пет тежински категории кој со победа ќе го подобри својот скор на 50-0.

40-годишниот Мејведер се враќа по двегодишна пензија. Во кариерата го видел сите стилови и против секого беше успешен.

Но, Мек Грегор ветува дека ќе покаже нешто што Мејведер никогаш порано не го видел.

„Ќе излезам и ќе насликам многу слики. Јас може да се борам во многу градови. Може да нападнам со потег каопеира. Може да направам таеквондо напад. Може да бидам во карате гард. Може да бидам во бокс гард. Може да бидам во мај тај гард. Може да бидам во грчко-римски или во став на борење во слободен стил. Мејведер може да се наслика само една слика“, рече Ирецот.

„Јас може да се борам на многу, многу начини, и ќе се борам со секој од нив. Ќе насликам многу, многу слики во оваа борба. Ќе го заслепам, а потоа ударите ќе почнат да го погодуваат вистинското место“.

По борбата со Мејведер, Мек Грегор планира да се врати во УФЦ каде што ја држи титулата во лесна категорија.

„Видете, јас сакам вистинска борба, лактите, колената, потколениците, стапалата. Дали некогаш сте почувствувале потколеницата да ви се одбива од нечија носна коска? Дали некогаш сте го заковале лакотот во нечија слепоочница?

„Тоа е необично чувство. Необично е чувството кога лактот ќе се забие во слепоочната коска. Тоа е гадно, но тоа е нешто во што уживам. Тоа е нешто што го сакам, така што с ерадувам на враќањето во ММА и на вистинската борба по ова“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО