Мек Грегор: Имам среќа што сум жив, ме удри автомобил додека возев велосипед (ВИДЕО)

Конор Мек Грегор учествувал во сериозна сообраќајна несреќа откако бил удрен од возило додека тој управувал со својот велосипед. Поранешната УФЦ-ѕвезда го потврди инцидентот, откривајќи дека имал многу голема среќа.

„Бев удрен со кола одзади. Поради сонцето, возачот не можел да ме види, мина со брзина преку мене. Имам среќа што сум жив. Фала ти Боже, што не беше мое време за умирање“, објави Конор Мек Грегор.

Тој не пропушти и да се пофали за своите способности за избегнување на најлошото.

„Исто така, благодарам за борењето и за моето познавање на џудо. Начинот на кој слетав по ударот ми го спаси животот“, обелодени Мек Грегор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО