Мек Грегор го одржа ветувањето, донацијата од милион евра веќе помага во борбата против коронавирусот!

Донација од милион евра од Конор Мек Грегор пристигна на местата каде што е најпотребно.

Конор Мек Грегор активно е вклучен во борбата против коронавирусот. Освен тоа што честопати преку социјалните мрежи ја коментира актуелната состојба, шампионот на УФЦ неодамна од зборови премина на дело и донираше милион евра за медицинска и заштитна опрема.

„Денес купувам заштитна опрема во вредност од милион евра која ќе биде испорачана во болниците во регионот Лејнстер, кој е најмногу погоден. Каде би биле без тие храбри мажи и жени. Бог да ги благослови“, порача славниот Ирец уште кон крајот на март.

А дека Конор го исполнил своето ветување, се потврдува со фотографии кои кружат на социјалните мрежи и ни покажуваат како опремата купена од неговата богата донација се дистрибуира низ болниците.

Во болниците, наводно, веќе пристигнале 50.000 заштитни маски …

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО