Полицијата во Њујорк го уапси Конор Мек Грегор по инцидентот во Бруклин, а УФЦ откажа три борби од УФЦ 223.
Борецот се предаде во 78-тата полициска станица во Бруклин, а се уште не е поднесено обвинение.
Се очекува да биде обвинет за физички напад.
Ирецот со својата придружба во Брекли центарот, каде што овој викенд се одржува УФЦ 223, предизвика нереди и го оштети автобусот со кој се превезуваа борците. Наводно, го барал Хабиб Нурмагомедов кој против Макс Холовеј ќе се бори за титулата во лесна категорија, која досега ја држеше.
Поради овој инцидент од настанот се тргнати дури три борби.
Во нападот Мајкл Киеза се здоби со исеќеници од скршено стакло и на крајот тој нема да може да се бори против Ентони Петис на настанот. Реј Борг се пожали налекарите дека не може да ги затвори очите, веројатно поради стакленца кој паднале врз него и неговиата борба со Брендон Морен.
Артем Лобов треба да се бори со Алекс Касерес, но поради неговата вмешаност во немирите, УФЦ одлучи да го исклучи од УФЦ 223.