Мек Грегор до Нејт Дијаз: Мала лебарка

Конор Мек Грегор го зајаде ривалот Нејт Дијаз. Си разменија закани и навреди на социјалните мрежи. Мек Грегор се потсмеваше со Дијаз и го нарече лебарка. Озлогласениот не пропушти да се пофали со богатството, кое ќе биде со него засекогаш.

Во 2016 година, видовме две борби во средната категорија меѓу Мек Грегор и Дијаз. Во нивната прва борба во март, Дијаз го победи со завршница во втората рунда. Ова му донесе два бонуси, односно 100.000 долари.

Во втората битка во август, Мек Грегор победи со одлука на судиите, а борбата беше проглчасена за борбата на вечерта. Дијаз заработи милиони од овие средби и отсуствуваше 3 години. Тој се врати во 2019 година и забележа 1 победа и 2 порази.

Мек Грегор исто така е во серија порази и се опоравува од операцијата на скршената нога.

„Нејт Дијаз зборува за тоа како му одземав се за што работел. Хаха, добро тогаш оваа мала лебарка треба да работи понапорно. Ќе бидам богат засекогаш. Ќе се борам со Дијаз кога сакам“, напиша Мек Грегор за Дијаз на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО