Мек Грегор – Чендлер ќе се случи во август-септември

Пред само неколку часа стана познато дека Конор Мек Грегор се повлекува од претстојната борба. Ирската ѕвезда требаше да се бори со Мајкл Чендлер на главниот настан на УФЦ 303 кој ќе се одржи на крајот на месецот. За жал, Мек Грегор е повреден и испадна од мечот.

Дана Вајт не бараше нов противник за Чендлер, туку го симна и од борбената карта. Така, Алекс Переира и Јиржи Прохаска станаа предводници на настанот. Сега УФЦ работи на нов датум за борба. Ариел Хелвани откри дека двајцата нема да се борат во „Сферата“ во септември.

Во моментов се шпекулира дека нивната борба ќе биде на 31 август или кон крајот на септември. Мек Грегор не се борел 3 години, а Чендлер е неактивен 2 години. Мајкл ја стави кариерата во мирување за да ја дочека милионската борба со Ирецот.

Многумина веруваат дека тоа беше голема грешка за Американецот, кој сега има 38 години. Тоа е сериозна возраст за лесна категорија. Останува да видиме дали воопшто ќе има ваква битка.

https://twitter.com/ChampRDS/status/1801470624453247233

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО