Гарсија прогнозира победа на „Тенк“ во осмата рунда

Џервонта Дејвис (29-0) вечерва ќе зачекори во рингот во Лас Вегас за да ја брани светската титула на ВБА во лесна категорија против Френк Мартин (18-0). Ова ќе биде негов прв натпревар по успехот во април минатата година над Рајан Гарсија (25-1). Сепак, тоа не го спречи неговиот поранешен противник да му предвидува успех на „Тенк“ во оваа борба.

На социјалните мрежи „Кралот Ри“ напиша дека прогнозира нокаут во 8. рунда, со што Дејвис ќе ја заокружи својата статистика на 30 чисти победи.

Двајцата се чинеше дека станаа пријатели во последните месеци, иако организацијата околу нивната борба не даде таква индикација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО