Мек Грегор би можел да ги заобиколи правилата на УСАДА; Пориер: Тоа би било голема смешка

Тренерите на новата сезона на Ултимејт фајтер, Конор Мек Грегор и Мајкл Чендлер треба да се соочат во октагонот на крајот на годината.

Остануваат уште две недели до крајот на сезоната, а се уште не се знае точниот датум на нивниот судир.

Сега се појавија информации дека најголемата ѕвезда на УФЦ би можела да се врати на борбите во декември, но многумина се сомневаат во враќањето на Мек Грегор.

Имено, Конор се уште не се вратил на антидопинг тестовите на УСАДА, иако треба да биде во тој режим најмалку шест месеци пред борбата.

Според некои најави, мечот меѓу Мек Грегор и Чендлер треба да го предводи настанот УФЦ 296, последниот настан на најголемата светска ММА организација оваа година.

Но, треба да се истакне дека УФЦ доброволно соработува со УСАДА и не е обврзана да ги следи нивните правила, а кога станува збор за славниот Ирец, некои работи може да се превидат.

Последниот противник на Конор, Дастин Пориер се осврна на неговото можно враќање. Во јули 2021 година Мек Грегор ја скрши ногата на мечот против Дајмонд.

„Мек Грегор мора да помине допинг тест, мора да го направи тоа. Ако се сменат правилата за да може да се бори и да продаде некое ППГ, тогаш тоа е голема шега“, изјави Дастин Пориер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MMAFighting.com (@mmafighting)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО