Аспинал: Сè уште не сум на нивото на Миочиќ и Мирко „Кро Кап“

Шампионот во тешка категорија на УФЦ, Том Аспинал, им оддаде почит на легендите Стипе Миочиќ и Мирко Филиповиќ – Кро Кап. Англичанецот призна дека токму таквите борци се пример за него и рече дека би сакал да се соочи со Миочиќ доколку е можно.
Според Аспинал, наследството на Американецот го става над сите други во тешката категорија.
„Навистина би сакал да се соочам со Стипе Миочиќ. Тој беше одличен борец“.
Шампионот истакна дека и статистиката е во корист на Миочиќ.
„Статистички, Стипе е најдобриот борец во тешка категорија на сите времиња. Тој има најмногу борби за титулата и најуспешни одбрани на појасот“.
Аспинал не пропушти да ја спомене хрватската легенда Мирко Филиповиќ, кого го става меѓу најголемите имиња во историјата на спортот.
„Момци како Стипе Миочиќ и Кро Кап се легенди“.
Иако веќе е шампион на УФЦ, Британецот верува дека сè уште има долг пат пред себе за да биде споредуван со такви имиња.
„Сè уште имам многу работа пред мене пред да можам да застанам покрај нив“.
Со своите зборови, Аспинал уште еднаш ја покажа почитта кон борците кои го отворија патот во тешката категорија и го изградија наследството кон кое самиот се стреми.



