Вајлдер го пофали Крафорд: Теренс е најдобриот боксер на денешницата

Поранешниот светски боксерски шампион Дионтеј Вајлдер го пофали Теренс Крафорд, кој минатиот викенд во деветата рунда со прекин го совлада Ерол Спенс Јуниор и стана апсолутен шампион во полусредна категорија.

Со својата 40-та победа во кариерата Крафорд стана првиот што ги освоил сите четири главни шампионски појаси во две дивизии.

35-годишниот американски борец на својот ВБО појас ги додаде шампионските титули на ВБА, ИБФ и ВБЦ и доминантно стигна до триумфот. Спенс беше соборен три пати, прво во втората, а потоа двапати во седмата рунда.

Вајлдер се осврна и на проблемите кои ги имал Ерол Спенс пред борбата, бидејќи требало да симнне вишок килограми, а тоа успеал да го направи благодарение на прекумерната дехидрација. Поради ова, Ерол изгледаше исцрпено во рингот.

https://twitter.com/MMArena_/status/1685788750335385600?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1685788750335385600%7Ctwgr%5E080150b68040cfebb54389d77fc24517dbcf8341%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.croring.com%2Fboks%2Fwilder-pohvalio-crawforda-terence-je-najbolji-boksac-danasnjice%2F

„Спенс изгледаше многу исцрпено и не можеше да боксира на највисоко ниво. И Теренс го искористи тоа, изгледаше лесно. Крафорд беше фантастичен, а борбата беше одлична“, изјави Дионтеј Вајлдер и продолжи:

„Теренс Крафорд докажа дека е најдобриот боксер на денешницата. Начинот на кој стигна до триумфот – лесно и мирно! Изгледаше како борец од друга димензија. Мислам дека Ерол претера со дехидрацијата и тоа му се покажа. Но, кога влезе во рингот, никогаш не се откажа. Се бореше до крај“.

Спенс може да ја активира клаузулата за реванш за еден месец, но во тој случај Крафорд би можел да избере во која дивизија сака да се бори.

Теренс овој пат ги обедини појасите во средна категорија, а во 2017 година тоа го направи во полусредна категорија. Последниот боксер кој ги издржа сите 12 рунди против Крафорд беше Украинецот Виктор Постол, а тоа се случи во јули 2016 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО