Засега на Прохаска му пропадна мечот со Хил, но смета дека сега има подобар противник

Џмахал Хил беше тешко повреден пред неколку недели, а долго време ќе биде надвор од терените. Американскиот борец мораше да оди на операција поради кинење на Ахиловата тетива.

Хил го ослободи шампионскиот појас на УФЦ во полутешка категорија, а барем засега е откажана борбата против Јиржи Прохаска. Слична судбина минатата година го снајде и Чехот.

Прохаска наскоро треба да се врати на борбите, но тој го искористи моментот за да размисли за повредата на Хил.

„Многу се здебели, па преоптовари глуждовите и колената. Ако ја надминете тежината, почнуваат да ви страдаат зглобовите, па може многу лесно да се повредите“, истакна Јиржи Прохаска.

На настанот на УФЦ минатиот викенд Алекс Переира ја истакна својата кандидатура за место во полутешка категорија со победата против Јан Блахович.

А Прохаска смета дека бразилскиот борец и до неодамна шампион во средна категорија е негов следен противник.

„Се уште немаат потврдено од УФЦ, но мојата следна борба треба да биде за титулата. Јас и Алекс Переира можеме да обезбедиме добар меч за шампионскиот појас. Навистина би сакала тој да биде мојот следен противник“, изјави Јиржи Прохаака и додаде:

„Се подготвував за Хил Џамахал и ми се допаѓа неговиот борбен стил. И Переира има сличен стил, но понапреден со повеќе логика. Но, и двајцата би биле тешки противници, бидејќи сакаат да се борат на нозе. Верувам дека Переира би бил потежок противник“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MMAFighting.com (@mmafighting)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО