Мек Грегор бара целосен карантин во Ирска, дава милион евра за медицинска опрема (ВИДЕО)

Конор Мек Грегор вети помош од 1 милион евра за борба против коронавирусот.

Ирецот во видео-обраќање побара од ирските политичари да донесат одлука за целосен карантин на земјата пред да биде предоцна, како во некои други европски земји. Тој се надева дека Република Ирска ќе научи нешто од останатите земји и дека водечките луѓе на државата ќе реагираат пред да биде предоцна.

Тој исто така изјави дека донацијата од 1 милион евра ќе биде за медицинска опрема, што ќе ја донира во болниците во местата кои се најпогодени од Ковид-19 во Ирска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО