Мејведер: УФЦ ме контактираше, може да заработам милијарда долари!

 

Флојд Мејведер Јуниор повторно стигна на насловните страници на боречките медиуми. Поранешниот бокс шампион и сопственик на најуспешните боксерски скор историјата 50-0 тврди дека добил повик со заносна понуда.

Да потсетиме, Мејведер во последниот меч го совлада шампионот на УФЦ, Конор Мек Грегор, а борба според некои проценки му донесе околу 300 милиони долари. Уште во текот на промоцијата на тој меч, но и набргу потоа, го спомнуваше можниот реванш. Дури и Флојд во еден момент изјави дека може да дојде во октогонот и таму уште еднаш да ја претепа ирската ѕвезда.

Сега повеќето американски медиуми известуваат дека УФЦ контактирал со Мејведер и тоа со понуда која наводно вклучува неколку борби и заработувачка од една милијарда долари.

„Ме повикаа пред неколку моменти и побараа од мене да се вратам. Може да се вратам веднаш. Ако сакам, можам да се вратам и тоа во УФЦ. Можам да се борам во октогонот. Можам да одработам договор на три или четири борби во октогонот и за тоа да заработам милијарда долари“, рече Мејведер во преносо во живо кој прв го емитуваше FightHype.com.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО