Адем Фетаховиќ е најдобар боксер во Регионалната лига во отсуство на Гоце Јанески, Бранислав Дамјановски – најдобар судија

Адем Фетаховиќ е избран за најдобар боксер во Регионалната бокс лига за 2017 година, додека Бранислав Дамјановски за најдобар судија.

Првакот во првото издание на РБЛ ќе се дознее во недела на дерби мечот Лозница-Сесвете, иако се чинеше дека екипата на Радник од Бјелина ја обезбеди титулата со победата над Лозница од 12-4, но… Радник има 12 бода, Лозница 10, Сесвете 9 и со евентуалната победа на екипата на Лозница таа ќе има исти број на бодови со Радник и количникот на победи и порази. Сепак, победата треба да биде со висока разлика, бидејќи Радник има 40 победи и 24 порази, а Лозница 35-21, со тоа што Радник е слободен во последното коло.

Нашиот претставник Пинк Пантер во полседното коло во сабота во Штип ќе ги одмери силите со Металац од Ваљево во спектакуларниот шатор на хотелот Ваго.

Од друга страна, може да жалиме што Гоце Јанески се повреди, бидејќи до тогаш имаше скор од 6 победи и 1 пораз, кој беше незаслужен, зашто со сигурност ќе конкурираше за ова признание.

Наградите ќе бидат доделени во Лозница на дербито меѓу Лозница и Сесвете.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО