Петре Чурлиновски: Ќе биде возбудливо и неизвесно до последната борба, нема да биде изнандување ако ја освоиме титулата!

Стратегот на Барагала од Штип, Петре Чурлиновски, верува во своите момчиња пред саботната разрешница за титулата во Младинската бокс лига на Македонија и најавува спектакуларни борби во шаторот на хотелот Ваго и атак на шампионската титула.

„Задоволен сум од моите боксери кои до 5.коло настапуваа успешно, кои што како млади натпреварувачи скоро во секое коло извојуваа победи. Сепак, пресудно беше 4.коло во Велес, боксираа надвор од нивните категории. Ако тие се бореа во своите категории ќе имавме прендност од 11 поени пред Чаир.

Сегашната ситуација, минималната предност на водечкиот Чаир, ми дава поттик и размислување до сабота во последното коло да бидам во трката за првото место. Сепак екипата на Чаир не е за потценување, како и екипта на Пинк Пантер. Ќе биде возбудливо и неизвесно до завршетокот на последната борба“, вели Чурлиновски и додава:

„На ривалите гледам со рескпект. Сметам дека сите подготовки на моите боксери систематски се реализраа и во целост се остварија. Така што во 6.коло нивната борба ќе биде на највисоко ниво, а со физичката и техничко –тактичката подготвеност да го дадат максимумот. Нема да биде никакво изнадување ако ја освоиме шампионската титула во Малдинската лига, конкуренција во која имам млад боксерски потенцијал“.

Останува дилемата дали  првкот ќе се реши на вагата или на рингот поради поголемиот број на боксери кај одредени клубови.

„Има повеќе можности, победникот може да се одлучи на вагата, но ако тоа не се случи тогаш рингот е вистинското место. Одлучувачки ќе бидат борбите во рингот. Сакам сите мои боксери да боксираат, однонсо да имаат противници, без игри на вагата. Кога ќе ја освојам шампионската титула ќе дадам специјална изјава. Уште еднаш ќе нагласам дека тоа се боксери кои даваат надеж за големи резултати. Ќе бидам задоволен и со секое место од првите три. Тоа ќе ми биде поттик за идната година“, истакнува Чурлиновски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО