Македонија на 26 декември ќе ги избира „Спортистите на годината за 2017“

Овогодишниот избор на „Спортисти на годината 2017“ ќе се одржи на  26 декември во НУ „Драмски театар“ со почеток во 20 часот. Македонија ќе избира најуспешни во неколку категории:

1.Спортист на годината
2.Спортистка на годината
3.Млад спортист на годината
4.Млада спортистка на годината
5.Најуспешен машки национален тим
6.Најуспешен женски национален тим
7.Најуспешен спортист на лице со инвалидитет
8.Најуспешен тренер/селектор
9.Најуспешна национална спортска федерација
10.Најуспешен спортски училишен тим од основните училишта
11.Најуспешен спортски училишен тим од средните училишта
12.Најуспешна спортски универзитетски тим од Универзитетите

За најуспешни спортист и спортистка во минатогодишниот избор беа прогласени ракометарот Кире Лазаров и тенисерката Лина Ѓорческа.

Се уште посоти дилемата дали европскиот шампион во таеквондо Дејан Георгиевски ќе биде номиниран за најдобар спортист во 2017 година, во спротивно, секој добитник на ова признание ќе има дамка на наградата.

Ipon.mk

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО