Мејведер тренира како Роки! (ВИДЕО)

Mejveder cepe

Флојд Мејведер можеби е меѓу најбогатите спортисти во светот, но тоа ни оддалеку не го штеди од тешкиот труд. Американскиот боксер ги отфрли модерните фитнес сали и се фати да цепи дрва, како дел од подготовките за големиот натпревар со Мани Пакијао на 2 мај. Богаташчето објави видео на кое неуморно врти огромна секира и постојано ја замавнува со сила врз дебелите трупци. По неколку минути со тешката секира во рацете, Мејведер, буквално, капнат седнува да одмори.

Флојд очигледно е инспириран од филмот „Роки“, каде што херојот Силвестер Сталоне тренира со природни алати  и средства, како тешки греди и полни вреќи.

Легендата Мохамед Али исто така цепел дрва како дел од подготовките за прославената средба со Џо Фрејзер во 1974 година.Малку подоцна Мејведер објави видео и од боксерската сала каде и удри ќотек на „крушката“ и на вреќата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON