Мејведер се спрема за ММА реванш со Мек Грегор (ВИДЕО)

Флојд Мејведер е виден  како излегува од октагон, што значи дека се подготува за меч ММА со Конор Мек Грегор. Во август го избоксуваа најскапиот ревијален меч во историјата, сега мириса на нешто ново.

Флојд Мејведер објави видео од неговата „теретана“, како што вежбаше, тој влезе во октагон и толку. Со оваа објава на Инстаграм успешно го всади црвот на љубопитност кај фановите и го крена прашањето: дали навистина е можен реванш меѓу него и Мек Грегор?

Славниот Оскар де ла Хоја вели дека Мејведер ги биде смачкан во кафезот, но парите се голема мотивација, а и ги прават.

На 26 август, во Лас Вегас, 40-годишниот Мејведер го победи Мек Грегор во 10 рунди, а потоа изјави дека и официјално се пензионира, иако се врати од пензија само за тој меч. По некое време Мек Грегор почна да повикува реванш на негов терен, во октагон на ММА борба, каде што Мејведер би бил лимитиран со своите боксерски вештини, наспроти широкиот репертоар на Конор.

https://www.instagram.com/p/BelXxBugfW9/?utm_source=ig_embed

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО