Мејведер: Не ме интересира ниту Кото, ниту Алварез, ниту Пакијао (ВИДЕО)

Mejveder vo stav

Американскиот боксер Флојд Мејведер изјави дека нема никаква желба да се сретне со победникот од средбата Мигел Кото – Саул Алварез. 

„Вие, се чини, едвај денес слушнавте за мене, за прв пат. Треба да ви биде јасно дека јас ги начукав и Кото, и Алварез и дури и Пакијао. Токму поради тоа нема да се борам со ниту еден од нив на мојот 49 меч. И на 50 -тиот исто така“, изјави Мејведер.

На 12 септември Мејведер ќе има меч со Андре Берт и ќе биде 49 -ти и последен во неговата кариера. До овој момент Флојд на професионалниот ринг има 48 меча и 48 победи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО