Сребро и бронза за Мишела и Маријана Димоски на Премиер лигата во Истанбул!

Bliznackite vo istanbul

Сребрен медал за Мишела Димоска, а за сестрата близначка, Маријана, бронзен во кати поединечно во јуниорска конкуренција на Истанбул опен 2015, односно Карате 1 Премиер лигата во Истанбул – Турција.

Misela i marijana na piedestal vo Istanbul

Маријана за влез во финалето е поразена со 3-2 од натпреварувачка од Египет, додека за бронзениот медал ја победи претставничката од Русија.

Мишела за влез во финалето ја победи натпреварувачката од Турција, а во финалето загуби од Египјанката.

Добро и тргна на нашите каратисти во Истанбул, очекуваме повеќе вакви вести во наредните два дена.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО