Мејведер ќе заработи 175 милиони долари, а Мек Грегор 100

Според истражувањето на ЕСПН, Флојд Мејведер ќе заработи 175 милиони долари, а Мек Грегор 100 милиони за супер борбата меѓу нив.

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, соопшти дека верува оти Мек Грегор ќе направи 100 милиони долари за дебито во боксот. Сепак, иако сите знаат дека на Мејведер ќе му биде платено повеќе нема официјална информација за тоа колкава ќе биде таа сума.

Мултимилионскиот судир ќе се одржи на 26 август во Т-Мобиле арена во Лас Вегас, Невада.

По две години во пензија, Мејведре се враќа во спортот, за да боксира 50-ти пат во професионалниот ринг. Досега е непоразен со 49 победи, додека на Мек Грегор ова ќе му биде првиот професионален бокс меч.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON