„Знаете цената ми е – за тоа зборував на телевизија. Секој пат кога излегувам да се натпреварувам на највисоко ниво, земам 100 милиони долари и повеќе. Се радувам што можам да побарам таква сума, бидејќи не еднаш сум ги подобрувал бокс рекордите. Многу од легендарните шампиони ми завидуваат“.
Флојд Мејведер Јуниор ги започна шпекулациите за евентуалната средба со Конор Мек Грегор, но тој не е сигурен дали е подготвен да се врати на боксерскиот ринг и да ја изложува на ризик серијата на победи. Ќе бидат потребни многу пари за да ја вратат легендата, откако веќе официјално се повлече.