Дана Вајт и МекГрегор ги изгладија односите

dana vajt slika Mek gregor

Односите меѓу Дана Вајт и Конор Мек Грегор по се изгледа значително се подобруваат.

 По сите недоразбирања, претседателот Дана Вајт изјави дека претстои вечера со Ирецот:

 „Со Конор одржувам контакти секој ден. Се договоривме следната недела да вечераме заедно. Односите ни се во ред. Непријатните случки ќе ги оставиме на минатото и продолжуваме напред. Се е точно“.

 Вајт изјави дека Мек Грегор, сепак нема да се бори на УФЦ 200, но за време на вечерата ќе разговараат за неговото враќање во октагонот, најверојатно повторно против Дијаз.

 Дана Вајт смета дека УФЦ 202 е приладен момент да се одржи следната средба на Конор.

„Мек Грегор е подготвен да се бори и на УФЦ 200. Она што го прави таква ѕвезда е фактот дека сака да се бори. Ќе се сретне со секого, секаде и во секое време. Борбите секогаш му се придружувани со возбуда и неверојатен интерес“.

Сепак, Вајт појасни дека ништо не е официјално, што се однесува до реваншот Дијаз – Мек Грегор на УФЦ 202.

 Минатиот месец Мек Грегор објави дека се повлекува од активните борби, а малку потоа Вајт појасни дека Ирецот бил отстранет од УФЦ 200, бидејќи одбивал да ги исполни своите обврски кон медиумите. Во одговор на тоа Мек Грегор изјави дека преферира да се фокусира на тренинзите, отколку на снимањето на реклами.

 По неколку дена Мек Грегор самоуверено објави дека ќе се бори на УФЦ 200, што беше отфрлено од страна на Даба Вајт.

 На главниот настан на УФЦ 200 останува шампионската средба во полутека категорија меѓу долгогодишните ривали Даниел Кормиер и Џон Џонс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО