УФЦ го одреди датумот и настанот за еден од натпреварите што треба да ја одбележат 2015 година. Тоа е мечот за обединување на УФЦ титулата во тешка категорија, која е во владение на двајца актуелни шампиони: на еден „вистински“ Каин Веласкез и еден „привремен“ Фабрицип Вердум.
Според пишувањето на ММА Корнера, веста ја дознава преку Стив Данкан, дуелот би требало да се сллучи на УФЦ 188, што ќе се одржи во јуни. Градот не е во прашање и се очекува Веласкез да се врати во Мексико, односно во Мексико Сити, каде што требаше да настапи пред неколку месеци, но повредите го спречија и практички ги принуди неговите работодавачи да устоличат привремен шампион.
Шансата се обиде да ја искористи Марк Хант кој влезе во мечот против Вердум, но Супер Самоа беше нокаутиран во втората рунда, по што Бразилецот стана шампион. Со оглед на долгиот период до УФЦ 188, најверојатно Мексиканецот ќе има доволно време да се опорави од сериозната повреда, која повторно го отстрани од октагонот.