Тајсон нема да се бори за светската титула!

tajson vraianje

Легендарниот светски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон нема намера да се враќа во рингот, а веста за продолжување на неговата кариера се покажа како шега. Ова, за руската агенција ТАСС, го соопшти претседателот на Светскиот боксерски совет Маурисио Сулејман.

Претходно се појавија информации дека познатиот руски промотор, Владимир Хрјунов, заедно со американскиот колега Дон Кинг, има намера да организира меч во Москва на Мајк Тајсон. Ривал требаше да му биде Бармејн Стиворн (Канада), ако успее да ја одбрани светската титула на Светскиот боксерски совет. Дури се споменуваше конкректен датум, 20 мај.

 “Често зборувам со Мајк, но тој никогаш не спомнал дека размислува за враќање. Тајсон (48) кариерата на професионален боксер ја заврши во 2005 година, кога загуби со технички нокаут во 6-тата рунда од Кевин Мекбрајд во Вашингтон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО