Медалистите од „Алексинац опен“ на прием во АСМ (ФОТО)

Dziu dzicu tsijata site ASM 26 maj 2016

Македонската џиу џица федерација и освојувачите на медали на „Алексинац опен 2016“ денеска имаа прием кај директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески.

Dziu dzica priem ASM site 26 maj

На средбата, како што се наведуа во соопштението на АМС, било разговарано за Меѓународниот џиу џица турнир „Алексинац опен 2016“ во Србија каде македонските клубови освоија рекорден број на медали, како и за се поголемите резултати остварени на меѓународните турнири и Јадранската лига.

Вкупно 19 натпреваривачи учествуваа во трката за трофеи на турнирот „Алексинац опен 2016“, а 12 од нив беа успешни. Во Агенцијата за млади и спорт беа примени сите 12 медалисти од клубовите „Дан кју“, „Осенсеи“ и „Такеда“.

Dziu dzica priem ASM 26 maj

Од џиу џица клубот „Такеда“ добитници на златни медали се Моника Младеновска и Тања Младеновска, Кенанџан Мејзини на сребрен и Бојана Симиќ на бронзен медал. Од џиу џица клубот „Осенсеи“ бронзен медал освои Филип Денков.

Добитници на златни медали од џиу џица клубот „Дан кју“ се Андреј Димитров и Ангела Трајковска, на сребрени Зоран Колевски, Давид Дамовски и Александар Трајковски и на бронзени Даниел Костадиновски и Дарко Стојановски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО