Мечот меѓу Нејт Дијаз и Леон Едвардс е префрлен за 12 јуни

Борбата меѓу Нејт Дијаз (20-12) и Леон Едвардс (18-3, 1 НЦ) требаше да се одржи на 15 мај на УФЦ 262. Имено, американскиот борец беше полесно повреден и мораше да го откаже настапот.

Така, судирот меѓу Дијаз и Британецот е одложен за 12 јуни и ќе биде во програмата на УФЦ 263 настанот што ќе се одржи во Аризона, предводен од мечот за титулата во средна категорија меѓу Израел Адесања и Марвин Ветори.

На истиот настан Деивсон Фигуеередо го брани појасот во мува категорија на УФЦ на реваншот против Брендон Морено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО