Мечот Фјури-Вајлдер одложен

Третиот меч меѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер, закажан за 18 јули во Лас Вегас, е одложен.

Новинарот на ЕСПН, Дан Рафаел, тврди дека има промени во плановите поради пандемијата на коронавирус.

„Дефинитивно нема да биде тогаш“, рече Боб Арум. „Ние дури и не знаеме дали МГМ ќе се отвори тогаш“.

За разлика од Дана Вајт, Арум не е љубител на организирање на шампионат на затворени врати без публика.

„Нема никаква гаранција за боксерите и навивачите дека тој настан ќе се одржи тогаш“, додаде Арум. „Каде ќе тренираат за него? Едноставно нема смисла. Мора да направиме чекор назад. Како да продаваме билети? Апсурдно е. Сите ние се повлекуваме и боксот не е исклучок. Ова е дел од она што се случува низ целиот свет. Најраниот можен датум е октомври.

Ние сме исклучително внимателни и се молиме сè да заврши во блиска иднина и да можеме повторно да започнеме да ги планираме работите. Никој досега не наишол на такво нешто “.

Трилогијата Фјури-Вајлдер се очекува да биде интересна, откако првата борба заврши, а потоа Фјури во реваншот го нокаутира Вајлдер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО