Јапонците му пркосеа на коронавирусот, одржаа кик бокс настан со 10.000 гледачи

129

Спортските натпревари ширум светот се откажани поради пандемијата на коронавирус, но во Јапонија и пркосеа на заразата.

Така, покрај сите можни првенства, со исклучок на Белорусија, каде се уште се игра, откажани се и Европското првенство во фудбал, Копа Америка, Олимписките игри и многу други натпревари.

Во Јапонија се одржа кик бокс турнир со присуство на публиката, иако министрите бараа да се одложи.

Сепак, организацијата не го откажа настанот, но направи се што може за да спречи ширење на коронавирусот. Дистрибуирани беа маски и нараквици, при што околу 10.000 фанови уживаа во седум борби. Овој турнир беше од хуманитарен карактер, а публиката беше намалена за 5000 гледачи.