Мате Парлов против Фримен на денешен ден пред 45 години во Скопје (ВИДЕО)

На денешен ден (22 ноември 1975 година) пред 45 години еден од најпознатите југословенски и светски боксерски великани на 20. век Мате Парлов боксираше професионален меч во Скопје во салата „Кале“.

Легендата на југословенскиот бокс се сретна со Американецот Били Фримани во мечот од 10 рунди Парлов убедливо победи на поени (8-0).

Убави времиња,тогаш македонскиот бокс беше во експанзија, а наредната година на Олимписките игри во Монтреал 1976 година Аце Русевски освои бронзен медал.

Да посетиме, Мате Парлов ја почна боксерската кариера на 16 години, а за исто толку години активно се занимаваше со благородната вештина. Во аматерска конкуренција има само 12 порази во 310 мечеви, кај професионалците забележи 24 победи, 2 нерешени и 3 порази. Првак на Југославија беше осум пати, балкански шампион – петпати, шампион на Европа двапати (1971 и 1973), европски вицешампион во 1976 година, олимписки шампион во 1972 година а светски аматерски првак во 1974 година. На два пати, 1972 и 1974 година е прогласуван за Спортист на годината во Југославија. Беше дипломиран економист, стигна до последниот магистерски испит, а држеше угедно кафуле во родната Пула. Сакаше поезија, ги читаше Бранко Радичевиќ, Лаза Костиќ, Петар Прерадовиќ.

Неговата порака до младите спортисти и ден-денска е актуелна: „Кога зпочнував сакав да бидам најдобар. Доколку не бев упорен никогаш немаше да дојдам на врвот“.

Многумина велеа дека во осумдесетите години од минатиот век највлијателни, најпознати и најпризнати југословени беа Тито и Мате.

Мате Парлов почина во 2008 година во Пула на 60-годишна возраст.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON