Етеми во финалето на „Адем Јашари“ немоќен против судиите

Aрсим Етеми изгуби на поени во финалето на Меѓународниот боксерски турнир „Адем Јашари“ во Приштина. Иако нашиот репезентативец прикажал добра борба, сепак беше поразен од домашниот боксер Бесариф Пирева.  Како утешна награда, Етеми го освои пехарот за фер-плеј.

„Арсим прикажа добра борба, но да беше на неутрален терен ќе извојувавше победа, затоа што домаќинот уште на стартот има предност кај судиите. Задоволен сум од настапот и на двајцата боксери. Очекуваме поголеми резултати следната недела во Сомбор на Златна ракавица“, вели тренерот на репрезентацијата Димитар Ташков.

Да посетиме дека вчера во полуфиналето Лео Јовановски загуби од Имер Манѓоли со ТКО во втората рунда.

Резултати
Лео Јовановски – Имер  Манѓоли (Косово) ТКО Р2
Арсим Етеми – Бесариф Пирева  (Косово) 0-3

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО