Масвидал: Обезбеден сум до крајот на животот, немам потреба од борби

Хорхе Масвидал е подготвен повторно да не се бори доколку УФЦ не му ги даде парите што ги заслужува. Најлошото копиле во ММА чекаше борба со Камару Усман, но се пожали дека му е дадена половина од тоа што го заработил против Нејт Дијаз.

Се разбира, Масвидал не беше глупав и одби да се согласи. Значи, организацијата одлучи дека Гилберт Барнс ќе добие шанса за титула, така што следниот месец на островот Јас ќе се борат тој и Усман.

„Гејмбрд“ тврди дека заработил доволно пари во кариерата и дека не треба да се бори. Тој се бори веќе 17 години, притоа забележа 35 победи и 13 порази. 35-годишниот ветеран е на врвот на славата откако забележа три големи победи. Хорхе сака да го искористи максимумот од тоа, но ако УФЦ не го одврзе ќесето, тогаш ќе се пензионира:

„Гилберт Барнс зеде што е можно најмалку пари за битката со Усман. Јас ја одбив понудата и тие му ја понудија. Ако тие не сакаат да ми платат колку што заслужувам, нема проблем. Јас сум обезбеден за целиот живот. Не ми требаат борби. Се борам затоа што сакам да го правам тоа. Во борбите сум веќе 17 години и не ми требаат мечеви.

Обожувам да го правам тоа, но сакам да ми платат. Не е важно дали е тоа Нејт Дијаз или некој друг. Само платете ми колку што вредам. Секако, сакам повторно да се борам со Дијаз, затоа што не успеав да го донесам до спиење, како што планирав“, рече Масвидал.

https://www.youtube.com/watch?v=lU8uzB2owQI&feature=emb_logo

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО