Масвидал му се поклони на првакот: Секоја чест, ми покажа нешто што не го видов во првата борба

Хорхе Масвидал не успеа да го симне од тронот Камару Усман во неговиот втор обид, а на УФЦ 261 го претрпе најтешкиот пораз во долгата и богата кариера.

Само Родриго Дам успеа да го запре „Гејмбред“ со удари, но не беше близу до ниту еден ваков тежок нокаут.

По завршувањето на неверојатно возбудливиот настан во Џексонвил, Масвидал му честиташе на својот ривал и призна дека е изненаден од одредени работи што Усман му ги подготвил во октагонот.

„За прв пат во мојата кариера пред сите мои луѓе, моето семејство и пријатели … Да, ова ме боли. Никогаш не ме нокаутираа во 50 професионални борби. Усман ми покажа нешто што не го покажа во првата борба. Тогаш не почувствував сила во неговите удари. Тоа се случува кога сте претерано самоуверени. Мислев дека повеќе ќе се бориме. Честитки за него, ме изненади и ме потфати. Тој победи фер и Бог да го благослови”, беше коментарот на Масвидал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО