Адесања-Ветори 2, се знае датумот

Шампионот во средна категорија на УФЦ, Израел Адесања, ќе се врати во октагонот на 12 јуни.

Новозеланѓанецот роден во Нигерија ќе се соочи со стариот познаник Марвин Ветори, а ова ќе биде втор меч меѓу нив. Овој пат облогот на средбата ќе биде титулата на Адесања, а мечот е закажан за настанот УФЦ 263.

Веста сè уште не е официјално потврдена од УФЦ, но голем број американски страници веќе објавија слични информации.

Адесања (31) и Ветори (27) за прв пат се бореа на почетокот на 2018 година, кога идниот шампион ја одонесе победата со едногласна одлука. Ова беше последниот пораз на Италијанецот, кој ги доби следните пет борби во кафезот.

Адесања последен пат се бореше во март, кога го доживеа првиот пораз во кариерата од Јан Блахович.

УФЦ 263 сè уште нема објавено локација, а на борбената карта борба за шампионската титула ќе има во мува категорија меѓу Дејвсон Фегеиредо и Брендон Морено.

Иако многумина сметаа дека ќе биде најправедно да се гледа оној меч меѓу Адесања и Роберт Витакер наместо овој реванш, претседателот на УФЦ за ЕСПН изјави дека „Боби Накелс“ ќе го добие победникот на оваа средба.

Според Вајт, гореспоменатиот датум во јуни доаѓа прерано за Витакер на кого му треба малку време за целосно да се опорави од неодамнешната борба со Келвин Гастелум.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО