Масовна тепачка пред мечот Крис Јубенк – Авниј Јилдирим (ВИДЕО)

Масовна тепачка изби како загрвање за мечот меѓу Крис Јубенк Јуниор и Авниј Јилдирим во салата „Ханс Марин Шлејер“ во Штутгарт.

Имено две групи од публиката од непознати причини се ставија во клинч, еден час пред централната борба на вечерта помеѓу, Крис Јубенк Јуниор и Авниј Јилдирим.

Се почнало со провокации, за да продолжи со вистинска тепачка со боксови и различни предмети како столици, по што настанал општ хаос. Имало голем број повредени, но за среќа немало сериозни.

Новинарите кои сведочат за овој инцидент велат дека и во двете групи имало „опасни“ момци, но за среќа инцидентот бил ставен под контрола, па мечот се одржал.

Како победник излезе Јубанк кој го совладa боксерот од Турција за појасот во супер средна категорија во ИБО.

https://www.thesun.co.uk/sport/4635648/violence-erupts-in-the-stuttgart-crowd-chris-eubank-jr/

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО