Масовен настап на кик бокс репрезентацијата на Европскиот куп „Србија опен“

Македонските кик бокс клубови сплотени во македонска репрезентација масовно ќе земат учество и на Европскиот куп „Србија опен“ во Белград во текот на викендот.

Македонската експедиција ја сочинуваат 82 лица – 54 натпреварувачи, 25 тренери и 3 судии.

Инаку овој кик бокс турнир се одржува секоја година.

Претседателот Дејан Митровски Урко истакна дека сите трошоци ги покрива Кик бокс маи таи федерацијата на Македонија, како и минатиот пат, на сите клубови кои ќе земат учество. Сето ова е поради ковид-кризата.

Број на учесници на „Србија опен“ по клубови:

1.Шампион – 11 натпреварувачи, 5 тренери и 1 судија
2.Гладијатор – Скопје – 6-2-1
3.Тим Зоран – 13-5-0
4.Предатор – 8-3-0
5.Тетово – 3-1-0
6.Викинг -1-2-0
7.Гладијатор-Штип – 1-0-0
8.Будо-Квадарци – 1-2-0
9.Ас – 2-1-0
10.Лидер – 3-2-0
11.Будо-Велес – 5-2-1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО