Маск – Цукерберг ќе биде најголемата смешка во ММА

Неодамна се појави информација дека Илон Маск и Марк Цукерберг ќе се борат според правилата на ММА.

И двајцата се љубители на боречките вештини, а сега очигледно решиле да се соочат во октагонот. Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, веднаш прскокна и работите почнаа брзо да се движат. Веќе се водат преговори за да се однесе борбата до Колосеумот, едно од најпознатите места во Италија.

Но, ако првично идејата за таква битка беше сфатена со ентузијазам и врвните борци изразија желба да ги тренираат Маск и Цукерберг, сега се слуша се повеќе негативност. Тим Велч, кој го тренира борецот на УФЦ, Шон О’Мели, е можно покритичен кон ваквата борба:

„Ако се борат, тоа нема да го наречам поинаку освен најголемата смешка“, изјави Велч.

Вреди да се истакне дека дури и роднините на ривалите ја разбираат апсурдноста на она што се случува. Мајката на Маск му забранила да се бори, а татко му рекол дека само ќе загуби од таквата средба. Сепак, факт е дека многу луѓе ќе платат за да го видат овој циркус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО