Кевин Ли откри како ќе го победел Хабиб Нурмагомедов

Кевин Ли конечно прозборе за слабостите кои ги видел во борбата на Хабиб Нурмагомедов.

Ниту еден борец не успеа да ја реши загатката, што е Нурмагомедов во текот на неговата непоразена кариера. Мотаун феном постојано велеше дека сака да се бори со Хабиб бидејќи знае да го победи. За жал, Ли не успеа да стигне до таква борба.

Кевин тргна во серија на порази и беше ослободен од УФЦ. Заврши во лигата на Хабиб Нурмагомедов, каде што го победи Диего Санчез во март 2022 година. Ли ја прекина серијата порази и се врати во УФЦ, но Хабиб е надвор од игра веќе 3 години.

„Мислев дека телото му е отворено и дека стои премногу тврдо. Мислев дека овој стил на притисок напред нема да носи удари во телото. На крајот, тој ќе се отвореше за висок ножен удар или некој тип на удар во глава. Хабиб се повлече и нашата борба не се случи. Интересно е, но на крајот е некако бесмислено“, изјави Ли.

Ли успеа да постигне една победа со брутален хај-кик. Ова се случи против Грегор Гилеспи во 2019 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО