Карате репрезентативецот Мартин Несторовски беше специјален гостин на летниот семинар во организација на КК Бар и главниот тренер Алмир Цацуњанин од истоимениот град. Во Црна Гора.
„Јас бев повикан како специјален гостин поради ланските резултати. Инаку на семинарот присутвуваше и Мерис Муховиќ (Босна и Херцеговина) кој е актуелен европски вицепрвак во категорија -84 килограми за сениори. Исто така, тука беше и младиот и многу надежен Енес Гарибовиќ од Хрватска кој сега на Универзијадата во Загреб и Риека го освои првото место во категоријата -75 кг“, истакна Несторовски за Ipon.mk.
Семинарот траеше осум дена.
Ipon.mk/В.Д.