Андре Ворд доминираше над Бренд во очекување на борбата со Ковалев (ВИДЕО)
Во раните утрински часови во Калифорнија се одржа бокс шоуто на кое што поранешниот шампион во суперсредна категорија Андре Ворд (30-0, 15 KO) се сретна со Колумбиецот Александер Бренд (25-2, 19 KO).
Очекувано, Ворд почна со вообичаениот стил. Благодарение на добрата техника Ворд успеа да го контролира текот на целиот меч и не остави и најмала шанса на противникот. Интересно беше тоа што Американецот не бркаше нокаут. Како резултат на тоа дојде до убедлива победа со судиска одлука 120-108.
На рингот во Оукланд се качи и по противникот Ворд, Сергеј Ковалев. Русинот на 19 ноември против Американецот ќе ги брани ВБА, ИБФ и ВБО светски титули во полутешка категорија. Тие изразија почит еден кон друг, а победникот од тој натпревар ќе се смета за најдобар боксер на светот.
Ворд за борбата доби 850.000 долари, а Бренд само 30.000.




