Кармине Томазоне е првиот професионалец што настапи на Олимписките игри

karmine tomazone profi na OI 2016

Кармине Томазоне влезе во историјата. Италијанецот стана првиот професионалец кој учествува на олимпискиот турнир во бокс. Во Рио де Жанеиро 32-годишниот Италијанец победи против Мексиканецот Линдолфо Делгадо во дуел од првото коло. Томазоне беше подобар во трите рунди против 21-годишниот аматер Делгадо.

Во јуни Меѓународната боксерска асоцијација (АИБА) овозможи и професионалци да учествуваат на олимпискиот турнир во Бразил. Ова се случува за прв пат во последните 112 години, бидејќи боксот на олимписките игри се практикуваше само од аматери.

„Многу сум среќен. Олимписките игри се најголем сон за секој спортист“, изјави италијанскиот боксер во лесна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО