Мартин Крстески дебитираше во профи рингот во Устер-Швајцарија (ФОТО)

Мартин Крстески во боксеркото деби во профи-рингот загуби со долука на судиите (40-36, 40-36, 40-36) од Рико Гигер во Устер, Швајцарија. Тие се бореа во средна категорија.

Сепак, Мартин спроти себе го имаше Рико, кој е трикратен светски шампион во кик бокс и дебитант во профи боксот. Но, тоа беше мотив повеќе за нашиот боксер да се прикаже во одлично светло.

„Одлична организација, преполна сала со над 1000 гости.

Во првата рунда Мартин зададе контра задно кроше кое беше доста опасно за Гигер. Од тој момент Гигер виде опасност и не прифајкаше борба, работеше само од дистанца . И во 2 и 3 рунда имаше добри контри од страна на Мартин.

Борбата заврши со победа на Гигер со едно гласна одлука на судиите“,вели тренерот и менаџер Дарко Чатлески и додава:

„Со напорна работа за кратко време се носиме со европски боксерски имиња. Се надеваме на големи резултати во скоро време на повеќе македонски боксери.

Браво Мартин (иден шампион) за прикажаната борба“!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО