Марко Тодоров и Силвио Мировски ќе се борат на „Будва Сплендит Гранд при Арена фајт најт 4“

Марко Тодоров и Силвио Мировски ќе учествуваат на профи турнирот „Будва Сплендит Гранд при Арена фајт најт 4“ кој се одржува во хотелот Сплендид во петок (8 април) со почеток во 20 часот со директен пренос на ТВ Арена.

Марко Тодоров се бори со Никола Прија, а Силвио Мировски со Никола Јоветиќ, и двајцата од Црна Гора.

Борбите се 3×2 минути.

Вечерва ќе има прес-конференција, а ќе се одржат лекарските прегледи и мерењето.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО