Марко Хук ја одбрани светската титула во крузер категорија (ВИДЕО)

marko-huk-pobeda-kucer

Марко Хук (40-1-3, 27 КО) во Хановер стигна до 40 победа во кариерата и прв пат ја одбрани титулата на ИБО светски шампион во крузер категорија.

32-годишно момче од Санџак се борешее за себе со невообичен стил и со едногласна одлука на судиите го победи Дмитро Кучер (24-2-1, 18 КО). Судии  борбата ја бодуваа 117-111, 119-109 и 117-111.

Хук е собираше поени и ги добиваше рунди, додека Украинецот се обидуваше борбата да ја заврши со тешки удари. Сериозно го потресе противникот во осмата рунда, а до десетата му се затвори десното око.

32-годишниот Хук ИБО појасот го освои во февруари против Оле Афолаби, додека Кучер во претходната борба во првата рунда го нокаутираше и го пензионира Енцо Mакаринели.

https://youtu.be/FuMDrUOZ3M4

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО