Марјан Зиков: Бронзениот медал е без изгубен меч, а останав без европско злато! (ФОТО)

Marjan Zkikov so bronzeniot medal na piedestal

Марјан Зиков викендов што измина го освои бронзениот медал на Европското првенство во џиу џицу во Лисабон-Португалија.

Marjan Zikov so medalot i povredata

Како што известивме првично, повредата го спречи Зиков да атакува на златниот медал, но и ова е голем подвиг и голем резултат за Марјан, така и за неговиот клуб „Карлос Маја“ и тренерот Мартин Михајлов.

„Како единствен натпреварувач од Македонија, претставник на клубот Карлос Маја БЏЏ Македонија, од ова Европско првенство се враќам и непобеден и со бронзен медал. Во мојата дивизија и категорија од бели појаси имаше 28 натпреварувачи кои доаѓаат од Англија, Франција, Германија, Португалија, Норвешка, Финска, Швајцарија. По три последователни победи против претставници од Португалија, Англија и Норвешка, за жал, поради обновување на претходна повреда на реброто, која ја заработив непосредно во периодот на подготовките, бев оневозможен да го продолжам натпреварувањето. Наредниот меч, кој не се одржа поради мојата повреда, требаше да биде против натпреварувачот кој го освои златниот медал“, вели носителот на бронзениот медал Марјан Зиков.

Marjan Zikov kompilacija EP

Инаку на ИБЏЏФ 2017 Европското првенство во џиу џицу беше во организација на Меѓународната федерација за бразилско џиу-џицу (ИБЏЏФ) и е најпрестижниот и најголемиот натпревар кој се одржува на територијата на Европа. Првенството се одржа во шест дена од 17 до 22 јануари во Лисабон, Португалија, со учество на преку 3.900 натпреварувачи од 72 држави и најголема постетеност.

Што значи медалот за 37-годишниот прваник кој го освои првиот медал за Македонија во новата 2017 година од официјално европско или светско првенство?!

 „Овој резултат претставува убава лична сатисфакција, клупска и државна афирмација. А, колку што ми е познато, ова е втор медал на претставник од Македонија на ова големо европско натпреварување. Исто така и првиот медал е бронзен во 2013 година“, истакнува Зиков кој во светот на бразилското џиу џицу влегува со познавање на друга несродна боречка вештина. Повеќе од две години е член на клубот Карлос Маја БЏЏ Македонија, клуб под водство на Мартин Михајлов и менторство на бразилскиот мајстор Карлос Маја, кој веќе подолго време живее во Љубљана, Словенија.

Марјан има учествувано на неколку регионални натпревари, како Белград БЏЏ опен, Загреб БЏЏ опен, а најголемиот успех го забележува на Меѓународниот натпревар Берлин ИБЏЏФ опен на 3 декември 2016 година во Германија, каде што го освојува златниот медал.

Marjan Zikov bronza na EP jiu jicu 2017

Мотивацијата за успехот имаа голема поддршка од најблиските.

„Голем придонес за почетните успеси се резултат на безрезервната поддршка од најтесното семејство и екипната клупска мотивација и страст кон овој спорт“, тврди Зиков.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО