Маријана, Мишела и Киријана се во финалето на Светската карате лига во Истанбул, освојувајќи четврти медал во низа

Девојките од Прилеп се подобри во секој настап и испишуваат историја на карате спортот во Австралија, затоа што ќе го освојат и четвртиот медал на лигите на ВКФ на Карате 1 Серија А во Истанбул, само прашање е дали тоа ќе биде златниот медал. За златото ќе се борат со репрезентацијата на Иран.

Близанчките Маријана и Мишела Димоски и Киријана Камческа во првиот круг добија 23,88 (16,80 + 7,8) поени и беа први во групата. Во вториот круг во борба со ката тимовите од Турција, Русија и Керман тимот од Иран, исто така се први со 24,46 (17,08 + 7,36) поени.

Ова е четврти медал во низа, досега освоија два бронзени и еден сребрен.

На овој турнир настапуваат 1813 натпреварувачи од 101 држава.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО