Мани Пакијао ќе има егзебициски меч со Џабер Зајани

Поранешниот светски шампион во осум категории, Мани Пакијао, потпиша договор за егзибициски меч со францускиот боксер Џабер Зајани.

Според Манила тајмс, договорите за егзибициониот меч биле официјално потпишани на почетокот на минатата недела во домот на Пакијао во Макати Сити. Сребата ќе се одржи во осум рунди со ракавици од осум унци во февруари 2023 година на стадионот „Крал Фахд“ во Ријад, Саудиска Арабија.

Пакијао се повлече од спортот минатата година, неколку недели по неговиот пораз во дванаесет рунди со одлука од Јорданис Угас во Лас Вегас. Мани веќе се пријави за егзибициски меч од шест рунди против корејскиот Јутјубер ДК Јо. Нивната средба треба да се одржи на 10 декември во Сеул, Јужна Кореја.

Зајани е непоразен предизвикувач во лесна категорија со скор од 18-0 со 11 нокаути. Тој беше спаринг партнер на Пакијао во 2019 година, помагајќи му на филипинската суперѕвезда да се подготви за борбата за титулата со Кит Турман.

Пакијао има скор од 62–8–2 во боксот и има 39 победи со нокаут во кариерата. Пакијао е единствениот боксер во историјата кој освоил дванаесет големи светски титули во осум различни тежински категории. Тој е и првиот боксер во историјата кој го освоил линеалниот шампионат во пет различни тежински категории.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО